Смртоносна битка помеѓу анаконда од 8 метри и крокодил (видео)

Американскиот фотограф Кевин Доли успеа да сними борба помеѓу анаконда долга осум и пол метри и крокодил во водите на Амазон. Анакондата го обвила кајманот (вид мал крокодил) долг речиси два метра и му ги скршила нозете. Но, крокодилот не се откажал, па ја каснал змијата, која одвај се ослободила и отпливала понатаму, пренесува „Дејли мејл“.

Иако крокодилот се чинеше дека победи во оваа битка, од повредите добиени од анакондата подоцна тој почина.

„Седнав во чамецот и ручав кога се случи тоа. Не можев да верувам, анакондата беше упорна и сè траеше околу осум минути“, рече Доли.

Зелената анаконда е најголемата змија во светот која може да порасне до 10 метри во должина и да тежи до 250 килограми. Убива така што ја завиткува жртвата со своето тело и ја стиска со силните мускули. Како и повеќето змии, анаконда може да го проголта плен поголем од своето тело.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега