Случајот за киднапирањето на Медлин доби пресврт - најважниот човек во истрагата откри што направиле родителите

Минаа скоро 12 години од киднапирањето на девојчето во едно португалско одморалиште. Жртввата беше Медлин Мекен од Велика Британија, а киднаперите никогаш не се пронајдени и покрај тоа што целиот свет трага по детето. Нетфликс објави документарец кој наводно открива досега непознати работи за семејството и киднапирањето.

Телевизиските критичари и експерти кои се занимавале со киднапирањето негативно реагирале на документарниот серијал за девојчето. 

За најшокантниот дел од декументрецот е задолжен тајкунот Брајан Кедени кој ја спонзорирал потрагата по детето. Во документарецот рекол дека португалските власти се обиделе да ги наместат таткото и мајката за киднапирање, за да го спасат туризмот во земјата, бидејќи после исчезнувањето на девојчето, земјата ја биел лош глас.

Кенеди тврди дека властите имале причина да ја охрабрат полицијата и да го таргетираат семејството Мекен како виновни за исчезнувањето на нивната ќерка.

Кенеди посоќил дека му требале 12 секунди да разговара со семејството на Медлин за да сфати дека тие не се виновни.

-Изгледаа страшно. После 12 секунди со нив знаев дека се жртви. Тие само сакаа помош. а не да бидат монструми - рекол Брајан Кенеди.

Тајкунот ангажирал приватен детектив и ПР експерт Кларенс Мичел кој отпатувал во Мароко до каде води трагата на киднапирањето.

Се испоставило дека ја пронашле бандата која краде деца, но немало ни трага ни глас од Медлин.

Roditelji Medlin Meken

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега