Случајно станал татко на шест деца: Познатиот пејач ја откри тајната на совршениот брак

Стинг (68) и неговата сопруга Труди Стајлер (66) имаат четири деца, а пејачот од бракот со поранешната сопруга Франсе Томелти (71) има уште две деца.

По 27 години брак и 37 години врска, Стинг и неговата сопруга се уште се вљубени како првиот ден.

-Знам по нешто за бракот. Со Труди се венчавме пред 27 години, а многу ме прашуваат како бракот ни издржал толку долго. Секогаш им велам оти ни помогна чудо, но ништо не земаме здраво за готово, раскажа популарниот музичар.

-Се сакаме, но всушност и се допаѓаме еден на друг и тука е целата поента. Љубовта е страствена, но кога некој толку ви се допаѓа и сакате да бидете во негово друштво, тоа трае многу подолго, вели Стинг.

Вели дека никогаш не ни мислел оти ќе стане татко.

-Случајно станав татко на шест деца, толку сум паметен. Тоа се најдобрите случајности во мојот живот и најдобрите луѓе на светот, раскажа Стинг, истакнувајќи дека веќе има седум внуци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега