Во Основниот кривичен суд денеска продолжи вкрстеното испрашување на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи клучниот наод за обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителната клупа се поранешниот директор Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, обвинети за несовесно лекување.

Вештакот пред судот беше дециден: во документацијата за 16 анализирани пациенти забележал сериозни неправилности. Тој истакна дека кај повеќето од нив имало влошување на состојбата поради непочитување на редоследот на терапиите, а често недостигале основни медицински податоци како молекуларна патологија и систематски КТ-наоди.

Додека одбраната тврди дека вештачењето е нецелосно и дека не се почитувале македонските упатства, Радосављевиќ потенцираше дека современите онколошки стандарди бараат строго следење на пациентите, што во овој случај едноставно недостигало.

Exit mobile version