Случај кој ја запрепасти цела Европа: 9 години ги држел децата во подрум, ги тепал и силувал и чекал крај на светот

Холанѓанецот Гарет Јан вон Дорстен (67), осомничен дека своите деца кои сега имаат помеѓу 18 и 25 години, ги држел затворени во подрум каде ги силували злоставувал, му започна судењето.

Во октомври во подрумот на куќата на север од земјата е пронајдено цело семејство, шест деца и нивниот татко.

Целиот случај на брутална семејна драма е разоткриено кога еден од синовите побегнал од заробеништво и со чаша пиво во еден локален паб раскажал низ што поминал.

Обвинителите велат дека не едно од децата рацете му биле врзани, додека друго цело лето морало да го помине во кафез за кучиња.

Осомничениот досега не се појавил на суд бидејќи се правдал со здравствени проблеми и срцев удар.

Обвинет е дека повеќе пати ја силувал ќерка си и еден од синовите.

Во обвинителството тврдат дека таткото ги држел децата во куќата велејќи им дека доколку излезат надвор ќе дојдат во контакт со зли духови и ги потготвувал за судниот ден.

Децата признале дека таткото ги злоставувал, тепал и  давел, а често ги казнувал така што повеќе часа морале да седат во лесено студена вода.

Децата не биле пријавени, немаат документи, а никогаш не оделе ни во училиште.

Се сомнева дека таткото бил припадник на Муновата секта која е позната по масовни венчавки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега