Словенија утре, Албанија в четврток - ќе се ратификува Протоколот за Македонија во НАТО

На вонредна седница утре претпладне, словенечкиот Парламент ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија НАТО, во рамки на која ќе се обрати и македонскиот претседател на Собранието Талат Џафери, кој ќе престојува во посета на Словенија.

– Ние се подготвивме обраќањето на претседателот на Собранието Џафери да биде во вторник претпладне, и тоа да биде во рамки на вонредна седница на словенечкиот Парламент, на која Словенија ќе го ратификува пристапниот протокол во НАТО на Македонија, под претпоставка ратификацијата прво да се случи во грчкиот Парламент. Мислам дека можеме да бидеме оптимисти, се што досега беше планирано во последните две години за влез на Македониј во НАТО, се оствари, иако во даден момент тоа делуваше како премногу оптимистички, изјави минатата недела словенечкиот амбасадор во нашата земја, Милан Јазбец, пренесе Нова.

Во Тирана ќе биде во четврток, кога исто така се очекува без проблеми да се изгласа едногласно приемот на Македонија како нова членка на НАТО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега