Словенија: Нагло влошување на ковид-состојбата, овие се новите планови за рестрикции

Поради наглото влошување на епидемиолошката состојба, словенечката Влада одлучи да воведе построги рестриктивни мерки кои ќе стапат во сила од понеделник, а не се исклучени и нови доколку продолжат негативните трендови.

Од понеделник сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да посетуваат настава, тоа во иднина наместо еднаш ќе треба да го прават два пати неделно. Дополнително, од понеделник се воведуваат почести редовни задолжителни тестирања во здравствените и социјалните установи, а маски ќе треба да носат и вакцинираните, доколку се во директен контакт со други лица.

– Епидемиолошката слика е лоша, се движиме кон најлошата состојба во епидемијата досега, изјави министерот за здравство Јанез Поклукар. Доколку ситуацијата не се промени и ако бројот на лица хоспитализирани на интензивна нега поради Ковид-19 се зголеми на 160 до 180 (во моментов 133), тоа би значело можно затворање на делови од општествениот живот, додаде тој.

Поклукар предупредува дека, со тренд од 3.000 или 4.000 новозаразени дневно, ова последен момент за „да се спречи Бергамо и колапс на здравствениот систем“, пренесува Хина.

28.10.2021 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега