Словенија: 480 заразени од коронавирусот

Бројот на случаи на коронавирусот во Словенија се зголеми за 38 и вкупниот број достигна 480, соопшти Националниот завод за јавно здравје.

Поголемиот дел од заразените се на возраст помеѓу 25 и 34 години, а хоспитализирани се 65 лица, од кои 10 се на интензивна нега, соопшти агенцијата СТА.

Во Словенија денеска е забележан четврти смртен случај како последица од коронавирусот откако почина постара жена во дом за стари лица кој имала повеќе хронични заболувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега