Словенечка медицинска сестра предупредува: Сите велат дека сме овци, а луѓето умираат, го слушате ли алармот

После двенеделно затворање и полициски час, медицинска сестра од Ковид одделението во Словенија, упатила посебен апел до граѓаните.

Се затвораат градинки, продавниците не продаваат основни потребштини, како и студентските домови, со некои исклучоци, а јавниот превоз ќе работи со третина капацитет.

Една медицинска сестра од Клиниката за интензивна нега ги прашала луѓето дали навистина мислат дека луѓето на средна возраст треба да умрат.

„Едноставно не разбирам. Сите велат дека ние сме овци. Кој е ова? Јас секој ден гледам луѓе кои немаме каде да ги сместиме. Кој е сега ова:“, запрашала медицинската сестра на Фејсбук.

„Ова е аларм Го слушате ли? Ова е аларма за инфекција кога донесуваат ковид пациенти. Тој цело време ѕвони. Дали некои кој е роден во 1976 година треба да умре? Некои велат дека луѓето и онака умираат. Треба ли некој роден во 1987 година да умре? Мислам дека не треба“, порачала медицинската сестра.

Во Словенија на сила е и полициски час кој им забранува движење на граѓаните без оправдана причина од 21 часот до 6 часот наутро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега