Следува заладување - очекувајте врнежи и дожд и снег во Македонија

До крајот на денов облачноста постепено ќе се зголемува, а особено навечер и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините снег. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Утре и тоа особено претпладнето врнежи ќе има во најголем дел од државава, на ниските места ќе има врнежи од дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Особено на север и на запад, повремено снежната граница има услови да се спушта и под 1000 м.н.в. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Потоа од петок следува стабилизирање, а особено од недела и затоплување на времето. Минималните температури на воздухот сепак од петок до недела ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени. На повисоките и планинските места ќе биде уште постудено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега