Следува рана пролет, суша и невообичаено високи температури доаѓаат во Македонија

Како што веќе најавивме, од утре па во текот на следниот период територијата на нашата држава ќе биде пов влијание на возок воздушен притисок (антициклон) кој ќе условува стабилно, суво и сончево време повремено со мала локална облачност, објави метеорологот Славчо Поповски.

Ветерот кој го имавме изминатите неколку денови полека ќе ја намалува својата брзина и ќе стивне во следните денови.

Мкаималните дневни температури на воздухот ќе бидат во тенденција на ГОЛЕМ пораст и следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, наутро пак до недела ќе биде студено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат под нулата додека истите пораст ќе имаат во текот на следната недела.

Очекуваните температури ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Освен кај нас, антициклонот ќе ја зафати цела Европа и ќе условува стабилно, суво и невообичаено топло време со дали над просечни температури на воздухот, истите во делови од Европа ќе бидат дури за околу 15 степени повисоки од нормалните што е премногу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега