Следува нов бран врнежи и грмежи во Македонија - предупредување до граѓаните

Граѓаните на нашата држава во текот на следните години треба да се навикнат на се посилни и почести временски непогоди како што беше, на пример, невремето во Преспа и пошироко во регионот. Инаку, во текот на утрешната ноќ како и во недела под влијание на нов поизразен влажен бран поврзан со нестабилна воздушна маса се очекуваат нови врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни, сепак овој пат најинтензивни врнежи ќе има во источните и во југоисточните предели од државава (над 20 л/м2). Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер како и со услови за појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.

Значително нестабилно ќе се задржи и во текот на следната недела со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер и секако и понатаму ќе има услови за интензивниатмосферски процеси. Температурите на воздухот ќе бидат под просекот за овој дел од годината и на многу места нема да надминат 30 степени.

Граѓаните се предупредуваат во случај на силен ветер да внимаваат каде и како се движат, исто така во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Во следниот период се очекува локално и значително количество на воден талог со што има услови за локални поплавувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега