Следува драстична промена на времето: Очекувајте поројни дождови и заладување

Поројни врнежи со грмежи и силен ветер од утре попладне, а заладување за пет до осум степени од четврток, најавува УХМР.

Според Управата, утре попладне и во текот на ноќта, најпрво во северните делови од земјата, на места ќе има пороен дожд со грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час.

Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за пет до осум степени

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега