Следната година ќе потече гас низ гасоводите Скопје-Тетово-Гостивар и Битола-Неготино

Гасоводите Скопје-Тетово-Гостивар и Битола-Неготино треба да бидат завршени годинава, а се очекува да биде избран и партнер за секундарната гасификација која ќе им овозможи на градовите да го користат гасот. Ова денеска  го изјавија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и директорот на Енергетски ресурси Бајрам Реџепи кои беа на увид на градежните работи на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар.

Според нивните изјави на магистралниот гасовод Скопје-Гостивар досега е поставена  мрежа на цевки во должина од 53 километри или преку 80 отсто од проектот е реализиран. Останува да се довршат уште 20 километри од трансата во Скопскиот регион. За овој дел е почната експропријацијата.

Инвестицијата за проектот изнесува 20 милиони евра, а се очекува годинава да биде изградена целата делница. Гасоводот ќе биде оперативен во текот на следната година и се очекува втората половина од следната година поголемиот дел од скопскиот регион ќе може да се снабдува со гас. Според физибилити студијата тој процес ќе почне од периферија кон центарот, бидејќи во централното градско подрачје има други извори за снабдување, а проектот ќе трае околу четири години.

Во завршна фаза е и магистралниот гасовод Неготино-Битола и ќе биде готов годинава. Досега е реализирана 93 отсто од делницата и останува да се дополни делот кај Фени индустри. по што  и оваа делница ќе биде оперативна.

Останува  Министерството за економија да ја заврши постапката за избор на фирма која преку јавно-приватно партнерство ќе ја гради и секундарната мрежа низ општините.

Бочварски најави дека почнуваат постапките за изградба на магистралниот гасовод од Неготино  до Гевгелија и интерконекциското поврзување со  Грција. Наредната година ќе се градат и гасоводите  од Свети Николе до Велес и од Гостивар до Кичево.

Земјава треба да се поврзе со гасоводи и со Косово и Србија за што се подготвува физибитили студија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега