Славниот актер го слави 60-тиот роденден во изолација, позитивен е на коронавирус
Актерот Антонио Бандерас е позитивен на коронавирусот. Тој на својот Инстаграм напишал дека се чувствува релативно добро.
Бандерас е во домашна изолација и нема да може да го прослави 60-от роденден со пријателите.
„Се чувствувам релативно добро, единствено што сум поуморен од претходно“, рекол Антонио Бандерас, кој нагласил дека верува дека набрзо ќе закрепне од вирусот кој погоди толку многу луѓе ширум светот.
Деновите во карантин ги поминува одморајќи се, а го релаксира и читањето книга и пишувањето. Напоменал дека во седмата деценија влегува со многу ентузијазам.
10.08.2020 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа