Славната актерка го шокираше светот: Очувот ме силуваше, абортирав кога бев малолетна

 

Актерката Сали Филд во своите мемоари „Во делови“ кои треба да излезат наскоро одлучи да ја отвори душата и да прозбори за тешкиот период.

Таа во детали опишува како очувот Џок Махони сексуалано ја злоупотребувал, а на 17 години имала таен абортус во Мексико. Во интервју кое го даде за „New York Times“ изјави како сите овие години молчела за искуства низ кои помина бидејќи не знаела дали нејзиниот глас има сила.

Сали во мемоарите опишува како очувот ја викал во соба за да бидат сами.

„Знаев што следи“, пишува актерката и признава дека тоа не се случило само еднаш туку неколку пати.

 

 

 

13.09.2018 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа