Славески: Град Скопје ќе биде гасифициран град со ред во сообраќајот

На Скопје му се потребни проекти. Вистински, реални и остварливи. Не само списоци на желби и празни ветувања за мегаломански зафати. Не само мостови кои не водат никаде. Ние се зафаќаме со решавање на вистинските проблеми на граѓаните, вели Трајко Славески, носител на советничката листа за Град Скопје на вечерашниот митинг во општина Аеродром.
 
Славески додаде дека со поддршка на Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје се обврзуваат и гарантираат исполнување на клучните приоритети за градот.
 
 
Со целосна поддршка на Програмата за модерно Скопје на независниот кандидат за градоначалник и иден градоначалник Данела Арсовска, ние се обврзуваме и гарантираме исполнување на клучните приоритети за градот Скопје. Размислуваме и планираме стратешки, темелно и долгорочно, а делуваме практично, брзо и сигурно, кажа тој.
 
Славески вети дека Скопје ќе биде град со ред во сообраќајот, град со безбеден и ефикасен еколошки  јавен превоз о фасифициран град со можност за приклучок на секое домаќинство.
 

Град со ред во сообраќајот. Град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз. Гасифициран град со можност за приклучок во секое домаќинство. Град со десетици илјади метри квадратни нови паркови. Град со нова Универзална сала, нов забавен парк. Град со нови можности за младите да останат да живеат и творат во Скопје.  Тоа е Скопје што го сакаме, тоа е Скопје што го заслужуваме! Тоа е Скопје за кое вреди да се бориме, истакна Славески од Аеродром.

08.10.2021 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа