Скрипал е жив: Првпат по несреќата објавен аудио запис на кој се слуша неговиот глас?

Двојниот агент Сергеј Скрипал, кој минатата година беше затруен од нервен агенс во Велика Британија, снимен е првпат по несреќата како зборува.

На 30-секундниот запис, кој го објави руски таблоид, а кој го пренесоа светски медиуми, се слуша гласот на Скрипал како остава гласовна порака на неговата внука Викторија, а во која, на неа и на нејзината мајка Елена им го честита Денот на победата.

На снимката, тој вели дека со неговата ќерка Јулија се добри.

-Здраво Викторија, овде вујко Серјожа. Се обидов да те добијам, но не одговараш. Честитам празник, ти посакувам се најдобро. Што правите, како ти е сопругот? Честитај и празник и на мама. Ќе се слушнеме подоцна, вели во аудио записот Скрипал.

Како што се наведува, тој ја повикал Викторија на мобилниот телефон и оставил порака кога таа не се јавила.

За разлика од Јулија Скрипал, Сергеј ниту еднаш не се огласи по несреќата.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа затруени во март минатата година, за што Велика Британија ја обвини Русија, а Москва негираше вмешаност во случајот. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега