Скоро цела Украина во мрак - речиси сите електрани се затворени

Нападот којшто денеска го изврши Русија врз енергетската инфраструктура на Украина, доведе до привремено исклучување на енергијата на сите нуклеарни централи.

Оштетени се и капацитетите за пренос на енергија. Како резултат на тоа, огромното мнозинство од потрошувачите останаа без електрична енергија. Недостигот на струја може да влијае и на греењето и снабдувањето со вода“, соопшти министерството.

Инаку денеска Русија лансираше околу 70 проектили кон Украина, а главната цел беше енергетската инфраструктура. Вечерва поради нападите, претседателот Зеленски побара итна седница на советот за безбедност на Обединетите Нации.

23.11.2022 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа