Скопското обвинителство поднесе обвинение за Емил Јакимовски

Скопското обвинителство поднесе обвинение против Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистрар, за семејно насилство и за заканите упатени кон новинарката Мери Јордановска. Според информациите од обвинителството, вештачењето покажало дека Јакимовски ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.

Против него е поднесено обвинение за загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство и за едно кривично дело загрозување на сигурноста по пат на информатички систем.

„Обвинетиот како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко. Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем ѝ се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност“, соопштија од обвинителството.

Обвинителството ги истражувало и наводните закани кон новинарката Маја Јовановска, но било утврдено дека во нив не постојат елементи на кривично дело, туку дека станува збор за клевети и навреди за кои оштетената може да поведе граѓанска постапка.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои реална опасност тој да избега за да ја избегне кривичната одговорност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега