Скопско: Фатени на дело четири лица кои поткупувале гласови, полицијата ги уапсила


 

Вчера вечер, полицијата уапсила четворица кои имале полни џебови пари кои поткупувале гласови. Полицијата го спречила делото и ги уапсила.

„На 15.10.2021 околу 19 часот на подрачјето на ПС Драчево, на место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121000 денари и 250 евра“-информираат од МВР.

Дополнуваат дека бил известен јавен обвинител и по добиени судски наредби, извршени биле и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

16.10.2021 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа