Скопската зоолошка доби нов директор

Драган Илиевски денеска беше поставен за В.Д. Директор на ЗОО Скопје. Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор.

-Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по економија, соопштуваат од скопската локална самоуправа.

Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот в.д. директор Кристијан Стаменов.

Претходникот на Илиевски, Стаменов беше разрешен откако полицијата, при извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, затекна како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни.

Поради тој случај, МВР поднесе и кривична пријава против шест лица, вклучително и Стаменов.

03.08.2022 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега