Скопската полиција прави парче - Уапсени шест лица

Шест лица вчера уапсени од страна на македонската полциија.

Полициски  службеници од СВР Скопје на улицата „Коце Металец“, ги лишиле од слобода Б.Е.(20) од Демир Капија и В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Исто така, по полноќ полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода В.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. 

Истиот ден полицајци од Полициска станица за граничен надзор Блаце, на локалниот пат од Скопје за с.Блаце, ги лишиле од слобода С.М.(25) од Скопје и М.А.(30) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. 

Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Л.Б.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво согласно чл.236 од КЗ на РСМ. Л.Б. кривичното дело го извршил во периодот од 08.11.2018 до 06.03.2019 во магацин на фирма на ул.„Јадранска магистрала“, при што со употреба на сила влегол внатре и одзел работни машини, со што се стекнал со противправна имотна корист од 460.833 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега