Скопје: Вработен како обезбедување во училиште, претепал ученик

Ученик од Скопје пријавил дека додека бил на настава, во училница бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во училиштето.

-На 28.11.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Центар, Г.С.(18) од Скопје пријавил дека околу 14.10 часот, додека бил на настава во ДСУ „Спортска академија“ на ул.„Димче Мирчев“, во училницата бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во училиштето. Според пријавеното, причина за тоа е што Г.С. го паркирал возилото во кругот на училиштето - соопштија од Министерството за внатрешни работи, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

29.11.2022 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа