Скопје веќе е меѓу најзагадените главни градови во Европа, а зимата уште не е ни почната

 

Скопје денеска е меѓу најзагадените главни градови во Европа, покажуваат податоците на меѓународните веб-страници кои го бележат аерозагадувањето. Во делови од Скопје, мерните станици на Министерството за животна средина измерија над 175 микрограми ПМ2,5 честички на метар кубен, што е речиси седумпати повисока концентрација од максимално дозволената.

Категоризиран како „нездрав“ воздух, во оваа фаза, според експертите, последиците се појавуваат кај граѓаните со респираторни проблеми и други хронични заболувања. Во светски рамки, Скопје денеска беше на 15-тото место, а Македонија повторно е рангирана во првите десет најзагадени земји, заедно со Индија, Непал, Кина и Турција.

 

15.11.2021 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега