Скопје стана жариште на коронавирусот во Македонија: Во Аеродром речиси 1000 заболени- осум скопски општини со трицифрени бројки на заразени

Во денешната „црна статистика“ влегоа нови 1275 заразени со коронавирусот во Македонија, од кои Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 519 нови случаи на Koвид-19 само во Скопје.

 Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 15832, од кои активни се 5.880.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Аеродром – 950

• Карпош – 834

• Центар – 791

• Гази Баба – 781

• Кисела Вода – 716

• Ѓорче Петров – 483

• Чаир – 338

• Бутел – 319

• Илинден – 135

• Шуто Оризари – 78

• Сарај – 57

• Петровец – 54

• Сопиште – 49

• Чучер Сандево – 38

• Студеничани – 29

• Зелениково – 26

• Арачиново -13

• Странец – 72

• Нераспределен- 117

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2020 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа