Скопје: Си земала кредит од 600.000 со лажни документи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.З.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит”.

Во текот на 2021 година, со намера да прикаже дека е кредитоспособна при аплицирање за одобрување ненаменски потрошувачки кредит во една од банките, кон апликацијата за кредит приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа.

На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да ѝ одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари, за кој износ ја оштетила банката и се стекнала со противправна имотна корист.

26.09.2022 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега