Скопје се уште жариште на коронавирусот во Македонија- 14 градови со трицифрена бројка на активни случаи

Нови 554 случаи на КОВИД-19 се потврдени во изминатите 24 часа од 3477 направени тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Активни случаи во земјава има 7748. Од нив, 3421 се во Скопје, а трицифрени активни случаи имаат: Прилеп 604, Кавадарци 559, Охрид 403, Тетово 272, Куманово 256, Велес 250, Делчево 184, Неготино 183, Струга и Гевгелија по 172, Струмица и Битола по 168, Гостивар 138 и Штип има 122 активни случаи.

Од почетокот на епидемијата во земјава, пред точно една година, КОВИД-дијагностицирани се вкупно 101 762 лица, а направени се 516 169 тестирања.  Бројот на оздравени е 90 895, а починаа 3119 пациенти. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега