Скопје рангирано во две категории на „фДи“ Магазинот за европски градови и региони на иднината за 2020/21

 Во најновото рангирање на „фДи“ Магазин одделот на  „Фајненшал тајмс“ „Financial Times“ Европски градови и региони на иднината за 2020/21 Скопје се наоѓа меѓу најдобро рангираните во две категории.

Од Дирекцијата на ТИРЗ соопштуваат дека податоците за ова рангирање се собрани од 505 локации (319 градови, 148 региони и 38 LEP), (LEP – A Local Enterprise Partnership – ЛЕП локално партнерство помеѓу локалните власти и деловните субјекти).

Рангирањето е правено во пет категории: кономски потенцијал, човечки капитал и животен стил, ефективност на трошоците, поврзаност и деловен амбиент.

За да се направи потесен избор на најдобро рангираните европски градови и региони на иднината на „фДи“ магазин за 2020/21 година, „фДи“ Магазин одделот на  „Фајненшал тајмс“ „Financial Times“ собира податоци со помош на специјализираните онлајн алатки на “фДи“ – fDi Benchmark и fDi Markets, како и други извори.

Локациите добиваат максимум 10 поени за секој сегмент на податоци, што се пондерираат според важноста на процесот на одлучување на „фДи“ со цел да се направи рангирање на поткатегоријата, како и целосниот ранг на „Европски градови и региони на иднината 2020/21“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега