Скопје ќе добие „Бас рапид транзит“

На денешната седница Владата даде поддршка за воведување БРТ или „Бас рапид транзит“ на територијата на град Скопје, кој претпоставува воспоставување коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен или хибриден погон (гас и електромотори).

Овој систем на коридори, популарно нареченото автобуско метро, ќе овозможи траса која е физички издвоена од другите учесници во сообраќајот, со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето, велат од Владата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега