Скопје и Виена воспоставуваат блиски пријателски односи

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска, во рамки на работната посета на Виена, имаше средби со градоначалникот и претседател на покраината Виена Михаел Хојпл, како и со заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку.

Тој ги слушна идеите и практичните решенија за јавниот транспорт, енергетската ефикасност, споделувањето велосипеди, како и визиите за зелен и паметен град. 

Беа разменети и искуства за градското зонско паркирање, како и за паркинг просторот во двата града. 

Шилегов се сретна и со раководителот на Туристичкото здружение на Виена Норберт Кетнер, како и со пратеникот на Покраинското собрание Омер - Ал Рами. 

 

 

 

21.03.2018 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега