Скопје: Хорор во градски автобус - 79-годишник допирал по телото малолетничка

 

Вистински хорор доживеало малолетно девојче во градски автобус во Скопје. Согласно информации од полицијата, 79-годишен манијак допирал по телото малолетничка од Скопје, а ова се случило во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Кисела Вода.

„На 30.05.2023 во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Т.(79) од Скопје затоа што претходно во градски автобус допирал по телото малолетничка од Скопје“, изјавија од МВР за „Прес24“.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

31.05.2023 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега