Скопје домаќин на Генералното собрание на патните транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион

СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска е домаќин на Генералното собрание на Унијата на патни транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион – BSEC-URTA.

На 36-тата средба на Генералното собрание на BSEC-URTA ќе присуствуваат претседателите на асоцијациите за патен транспорт од нашата држава, Турција, Молдавија, Романија, Грција, Србија, Албанија, Бугарија и од Украина. Најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорите на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, и на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, како и управителот на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

BSEC-URTA е Унија на патни транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион, во која учествуваат и земјите од регионот. СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ е полноправен член на оваа организација и активно учествува во сите нејзини активности. Темите на кои ќе се дискутира се од огромен интерес за македонските транспортери и донесените одлуки значително ќе ја олеснат нивната дејност. Оваа организација има поддршка и од Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ и најавено е присуството на генералниот секретар Умберто де Прето, најавуваат од АМЕРИТ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега