„Скопје 2014“ оди на натпревар во Загреб

Македонскиот филм „Скопје 2014“ ќе учествува на меѓународниот туристички филмски фестивал „Zagreb Tourfilm Festival“ кој ќе се одржува од денеска до 5 јули во Загреб. Филмот ќе биде во категоријата до две минути, во конкуренција од над 300 филмови.

Претседателка на жирито оваа година е Лела Крстевска, претседател на Стопанската комора за туризам на Македонија и генерален директор на туристичкиот комплекс „Радика резорт“ во село Леуново, Маврово.

Таа ќе го предводи жирито составено од познати  европски филмски работници: Лордан Зафрановиќ, режисер и професор по режија на ФАМУ во Чешка,  Ева Котус, директор на туристичкиот фестивал во Варшава и уредник на списанието „Филм, уметност и туризам”,  Горанка Грајф-Соро, режисер и член на филмското друштво на Хрватска, Бернардин Модриќ, коосновач и директор на „Истра филм“ и на Католичкиот фестивал. 

најчитано сега