Скопјанка се породила во шестиот месец од бременоста и родила мртов бебе во својот дом

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14:16 часот во Полициската станица Драчево, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека жена од село Драчевица, скопско, која била бремена во шести месец, во итна медицинска помош пријавила дека, додека била сама дома, родила мртво бебе.

Како што стои во денешниот билтен, од лекар од Итна медицинска помош кај новороденчето била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа