Скопјанка од Групер купила купон за лекарски преглед од ординација без работна дозвола за нејзината мајка која има канцер

Николина Влаисављевиќ од Скопје во редакцијата на Слободен печат се пожалила дека на Групер купила купон за специјалистички преглед за својата мајка, која боледува од канцер на дојка, во приватна ординација која што не сака да ѝ ги даде резултатите од направеното испитување, бидејќи како што ѝ кажуваат,  чекаат потпис од Министерството за здравство за нивната работна дозвола.

На самиот преглед на пациентката Благица Димовска ѝ било откриено дека на другата града нешто се случува, но без официјални резултати не можат да појдат на онколог и да се борат за здравјето на жената.

Влаисављевиќ најави дека денеска ќе го информира Државниот здравствен и санитарен инспекторат за случајот.

-Преку Групер купив купон за специјалистички преглед ехо на дојка со доплер, во приватна ординација и не за мене туку за мајка ми која е со долгогодишна дијагноза канцер. Едната града и е отстранета и секоја година правиме контроли за потоа да се појде на онколог каде мора да ги однесеме сите резултати и да ти даде комплетна терапија. Купонот го купивме на 17 март и истиот ден ни е закажан термин за 24 март во 17 часот. Тоа го направија електронски, со потврда дека е терминот како што треба. Преку Вибер ми потврдија. Го платив купонот 900 денари но проблемот не се парите. Појдена е мајка ми на преглед и на самиот преглед и било кажано дека на другата града нешто се случува и кажано и е дека резултатите и извештајот ќе и се пратат на мејл бидејќи докторката не може веднаш. Наредниот ден ја пратив мејл адресата, на 30 март уште не беа стигнати резултатите. Лекарката ми рече дека нешто чека, некои потписи и најдоцна до утредента ќе ми ги прати извештаите. А мене ми требаа зашто мајка ми треба да оди на специјалист и зашто на прегледот и беше кажано дека нешто се случува. Во исклучително тешка состојба чекаме што не е во ред, а тие резултати ни требаат за да одиме на онколог. Не ми го прати резултатот и денеска пак ја побарав на 7 април. Барам објаснување и дознавам дека чека потпис од Министерството за здравство на нејзината работна дозвола, односно дека нејзината работна дозвола е истечена со датум 4 март. И од тогаш нема работна дозвола. И до ден денеска нејзините купони на Групер уште се продаваа, додека не им се јавив да им ја објаснам ситуацијата па ги повлекоа. Зашто ова не треба да му се случи на никого. Парите ќе се вратат но не се тие проблем, Разговарав со Групер и тие разговарале со докторката како да се реши проблемот што мајка ми треба да оди на онколог а резултати нема. И докторката им предложува да ни ги пратат резултатите со датум од 4 март. Да ја лажира датата за работната дозвола да и биде со важност. Јас ги одбив Групер. Одбив зашто сметам дека треба да реагирам по инспекторати, вели Николина Влаисављевиќ, ќерка на пациентката Благица Димовска за Слободен печат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега