Скопјанка и ќерка и брутално претепани додека шетале на улица

Во 18 часот и 40 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавила 50-годишната Г.А.и пријавила дека истиот ден околу 17,40 часот на улица “383“ заедно со нејзината 16 годишна ќерка биле физички нападнати од страна на Р.С.

Имено истиот почнал да ја удира со клоци и тупаници во пределот на стомакот и рацете, додека нејзината ќерка ја влечел за коса и со тупаници и клоци ја удирал во пределот на стомакот, рацете и грбот од што и двете се здобиле со видливи повреди во вид на модрици и црвенило.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.04.2018 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа