Скопјанка била физички нападната и ограбена додека чекала автобус

34-годишна скопјанка била физички нападната и ограбена додека чекала на автобуска постојка информира полицијата.

Имено вчера околу 12.30 часот во СВР Скопје, З.М.(34) од Скопје пријавила дека на автобуска постојка на бул.„Никола Карев“ физички била нападната од едно лице кое ѝ одзело накит од вратот.

Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

10.09.2021 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега