Скопјани водат битка со комарците - Градот ќе снима за да докаже дека прска

 

Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град, пренесе Фактор.

Деновиве скопјани се жалат дека на секое излегување водат вистинска „битка“ со комарците, па затоа Градот се одлучи да снима за да докаже како се справува со проблемот.

Според информации оттаму веќе се направени две фази прскања во кои е вклучено и авионско и прскање од земја. Викендов е третото, а планирани се уште две до крај на летото или вкупно пет за сезонава.

 

 

 

08.08.2018 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа