Скопјани се рекордери по основ непочитување сообраќајни правила

Скопјани се рекордери по основ непочитување на сообраќајните правила. Ова лесно може да се констатира, од секојдневните информации кои ги споделува Министерството за внатрешни работи. Во градот Скопје, бројот на казни за возачи кои прават грешки, е секогаш најголем. Ситуацијата не била поразлична ни во текот на претходниот ден, за време на засилената акциска контрола.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 7 за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се две мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 5 за возач почетник, 58 за прекршоци што ги чинат пешаците, 54 за непрописно паркирање“ - се вели во дневното соопштение на ресорното министерство.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

 
22.09.2021 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега