Скопјани рационално да ја користат водата за пиење: Потклекнаа резервоарите за вода во Радишани и во Гази Баба

 Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Од таму посочуваат дека особено треба да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

– Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење се соочуваме со сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од градот. Во изминатиов период резервоарите за вода во Радишани и Гази Баба, заради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа, велат од ЈП „Водовод и Канализација“.

Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуваат високи температури во наредниот период, од градскиот водовод апелираат до жителите на градот Скопје рационално и внимателно да се користи водата за пиење. 

10.08.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега