Скопјани кои сакат да бидат „брзи и бесни“, ќе платат големи казни

Деновиве сведочиме на голем број засилени акциски контроли на територијата на целата држава, на кои се казнуваат голем број на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Ситуацијата не била поразлична ниту во текот на претходниот ден. Во Скопје, биле изречени  173 мерки. Казна ќе платат граѓаните кои „глумеле брзи и бесни“ и не ги почитувале правилата.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 5 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 54 за непрописно паркирање“ – известуваат од МВР.

Акциите продолжуваат и во наредните денови.

17.09.2021 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа