Скопјанецот со западнонилска треска на апарати за дишење - Ова се симптомите на болеста

Се уште на апарати за дишење и во критична состојба е 66 годишниот скопјанец заразен со западно нилска треска, а дополнителникомпликации прават проблемите кои ги имал од претходно со здравјето, дијабетес и притисок, јавува Сител.

-Пациентот има и дијабетес и притисок и тоа допридонесува уште повеќе за тежината на болеста. Се пружа максимална нега, изјави д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести, додавајќи дека а Инфективна годинава немале други пациенти со западно нилска треска. Косовскиот државјанин по дијагностицирањето на болеста веднаш бил пратен на лекување во неговата земја.

Овој вирус кај најголем дел од населението не дава знаци на болеста. Кај одреден број дава знаци на настинка со висока температура, болки во мускулите и згбобовите, некогаш предизвикува дијареа и повраќање. А исклучително ретко дава тешка клиничка слика со зафаќање на мозокот и предизвикување на енцефалит и менингоенцефалит.

Во земјава во 2012 имаше и некоколку смртни случаи од вест наил вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега