Скопјанец заразен од западно-нилска треска се бори за живот на Клиника - заразата ја добил во земјава

66 годишен скопјанец заразен со западно нилска треска се бори за живот на Клиниката за инфективни болести, објави Сител. Како што информираат од телевизијата, тој прво бил хоспитализиран во ГОБ 8-ми спетември каде првично му била поставена дијагнозата за вирусот што го пренесуваат комарците. Поради влошување на состојбата го префрлиле на Инфективна и веќе една недела е на одделот за интезивна нега со воспаление на мозокот. Според епидемиолошката анкета, скопјанецот не бил надвор од државата, а најверојатно заразата ја добил во земјата минатиот месец кога престојувал на планина и покрај езеро.

- Првите симптоми ги почуствувал кон крајот на јули, од анкетата што ја правевеме не бил надвор од границите на земјата. Побарал помош во Градската болница 8-ми септември. Ги има и кај нас комарците, но ние немаме резервоари за нив, вели прим. д-р Билјана Даниловска раководител на епидемиологија во ЦЈЗ Скопје.

Епидемиолозите велат дека кај 80 проценти од заразените со западнонилска треска болеста поминува без да има изразени симптоми. Помалку од 20 отсто можат да имаат клиничка слика како грип, само еден процент да завршат со воспаление на мозокот, тешки компликации и фатален исход.

-Мора да кажеме за превенцијата а тоа значи кога се движиме во планински места да носиме соодветна облека со покривање на деловите од телото, користење на репеленти особено во периодот кога комарците се најактивни. Инкубациониот период на болеста вест најл е од 2 до 14 дена по каснувањето со заразен комарец, вели Даниловска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега