Скопјанец украл 30 венчаници

 

Дваесет и осум годишен скопјанец украл 30 венчаници лажно претставувајќи се како работен во фирма.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 28-годишниот Ф.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. 

Како што информираат од МВР, на 08.12.2017 година во Битола, пријавениот, се претставил лажно како вработен во фирма од Скопје и од И.Д. набавил 30 венчаници со вкупна вредност од 300.000 денари. До денот на пријавување на настанот, пријавениот не го уплатил наведениот паричен износ на И.Д..

 

 

 

20.09.2018 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега