Скопјанец тргнал да извади брз кредит со фалсификувана лична карта, полицијата го фатила

 

Полицијата приведе 26-годишен скопјанец кој се обидел да извади брз кредит со фалсификувана лична карта.

„На 20.03.2023 во 18.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(26) од Скопје. Тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција“, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

21.03.2023 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа