Скопјанец тешко повреден, паднал од електричен тротинет

Вчера во 08.00 часот било пријавено дека на ул.„Георги Димитров“ во Скопје, Н.М.(38) од Скопје, додека управувал електричен тротинет, паднал на коловозот, велат од МВР.

„Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

18.08.2022 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега