Скопјанец тешко повреден - Го удрил автомобил

Велосипедист тешко повреден во Скопје откако во него на паркинг вчера удрил автомобил.

Во 20.10 часот на паркинг на булевар „Видое Смилевски Бато“ патничко моторно возило марка „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Т.Г. од Тетово удрило во велосипедист. Се работи за 45-годишниот А.И. од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И. по што бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега