Вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај с.Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Актуелно
- Не е ни среќа, ни случајност, туку судбина: Животите на три хороскопски знаци ќе се претворат во луксуз
- Многу студено време и утре – од петок пораст на температурите
- Остварете ги новогодишните планови: Еве 3 совети кои гарантираат дека нема да пропаднат
- Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска
- (ФОТО) Се запали стан – едно лице загина, друго е повредено
- Секој петти Германец размислува да ја напушти земјата
- Втора рунда на Австралија опен: Ѓорческа ја има Словенката за ривалка
- Каја Калас: Падот на иранскиот режим не гарантира подобра иднина

