Скопјанец се здобил со тешки повреди при поставување колектор на реката Вардар

 

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди при местење на колектор на реката Вардар.

-Вчера во 16:29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 38-годишниот Б.Р. од Скопје, кој се здобил со повреда при извршување работни задачи при поставување колектор на р.Вардар. Од страна на лекар на Б.Р. му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и Инспектор од државен инспекторат за труд. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега